Ова треба да го знаете за постпородилна депресија

Објавено на: Sep 13, 2016 од Мама Весна

Постпородилната депресија е состојба која може да се јави по бременост и се јавува во првата година по породувањето.

За мајката таа претставува тешка емотивна состојба која вклучува чувство на тага, беспомошност, незаинтересираност за детето и случувањата околу себе, безнадежност и често е придружувана и од чувството на вина и срам.

Важно е да се разликува постпородилната депресија од здравите, но непријатни реакции по породувањата и од некои потешки состојби како што е постпородилната психоза.

Постпородилната депресија не е нерасположеност, незаинтересираност, вознемиреност, тага, лутина и другите непријатни чувства кои жената ги чувствува по породувањето, а кои не се многу интензивни и кои не траат предолго.

По породувањето, нивото на хормонот естроген и прогестерон за кратко време се намалува неколкукратно и нагло се враќа на нивотото пред бременоста што само по себе значајно влијае на расположението. Освет тоа, во рок од неколку часа многу работи се менуваат во животот на жената. Таа одеднаш треба да се грижи за новороденото бебе на поинаков начин од претходните девет месеци.

Лекарите, роднините и сите околу неа (вклучувајќи ја и неа), имаат разноразни очекувања, од тоа како треба да се однесува до тоа како треба да се чувствува и размислува во новонастаната ситуација.

Доколку таа има поинакви чувства од оние кои се очекуваат од неа, особено од оние кои самата ги очекувала од себе, тогаш неминовно ќе се чувствува лошо.

На пример, на многу мајки им е потребно време за да го сакаат своето бебе, тоа не се случува веднаш, но ако тие очекуваат дека тоа ќе се случи уште кога ќе го здогледаат, голема е веројатноста дека ќе чувствува вина и срам. Ненаспаноста, болките и заморот самите по себе допринесуваат за лошо расположение.

Тука постои опасност од тоа уморното расположение, тагата и незаинтересираноста, кои се најнормална последица од премореноста на организмот, да почнеме да ги толкуваме како симптом на депресија, пресериозно да ја сфатиме таа состоја и како последица да почнуваме да чувствуваме страв, вина или тага поради таквото размислување.

Кога сме уморни, ненаспани или исцрпени, не смееме своите размислувања во таа состојба да ги доживуваме како реална проценка на ситуаицијата, затоа што таа веројатно ќе иде потполно поинаква кога организмот ќе почне да заздравува.

Нерасположението, тагата, чувството на беспомошност, лутина, плачење, нагли промени на расположение не се постпородилна депресија доколку траат неколку дена по породувањето и не се многу интензивни. Тоа е здрав начин преку кој нашата психа се прилагодува на ситуацијата, сумира што се случило и на тој начин го враќа чувството на контрола за да ги просмисли сите неочекувани и збунувачки настани кои можеби се случиле.

Овие нагли промени на расположение, од интензивно пријатни до интензивно непријатни се здрав начин на прилагодување на ситуацијата.

Оваа состојба уште се нарекува и „бејби блуз“.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…