Овошна кашичка со двопек

Сладок оброк погоден за бебиња постари од една година.
Потребни состојки:
– едно парче двопек
– една круша
– 100 мл млеко
– една кафена лажичка мед

Начин на подготовка:
Со топло млеко се прелева двопекот и се остава да се олади. Потоа во садот со двопекот се додава крушата, излупена и исчистена ( по желба и претходно сварена ). Се пасира ( доколку крушката е мека или варена ) или се блендира. На крајот се додава лажичка мед и добро се промешува. Доколку кашичката ви изгледа дека е премногу сува додадете малку млеко.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk