Огромни грешки кои го уништуваат бракот

Пица или шпагети за вечера? True Detective или Grey’s Anatomy? Во врска секогаш е потребно преговарање, но дискусии за секоја најситна (а обично најмалку важна) одлука, не ви оставаат простор за разговори кои навистина значат.

Децата на прво место

Многу често кога некој во јавност ќе признае дека приоритет дава на брачниот партнер наместо на децата, наидува на отворено несогласување, но тоа е така бидејќи луѓето всушност не сфаќаат што тоа значи. Тоа воопшто не значи дека децата ги сметате за “граѓани од втор степен”, туку едноставно препознавате значајна и посебна врска помеѓу вас и вашиот партнер, коа е сосема различна од онаа што ја имате со своите деца. Излегувањата на состанок можат да ја зајакнат вашата врска, но подеднакво е важно да имате заеднички став за секојдневните одлуки како родител. Кога децата ќе сфатат дека вие сте “едно”, нема да се обидуваат да ве надиграат на начин што може да ве раздели.

Потиснување на соништата

Пред бракот и децата, сигурно имавте долга листа на нешта што сакате да ги направите – да научите француски! да се качите на Килиманџаро! – но како стареете, и семејниот живот се повеќе го одзема вашето време – не спомнувајќи и пари – се полесно станува да ја стуткате таа листа на аспирации во некој ќош и да ја заборавите. Не го дозволувајте тоа! Страстите се она што ве прават тоа што сте, ве прават свесни за себе и ви даваат прилика посилно да се поврзете со својот партнер. И иако можеби повеќе нема да е така едноставно да се качите на авиот и да летнете до Африка, купувањето карти за концерт на некој Афрички бенд кој гостува во градот во кој живеете, или пак посетата на научен музеј со вашиот партнер кој е луд по наука, не само што ја одржува вашата врска со работите кои ги сакате, туку и ви дава многу прилики за излегување на состанок.

Госпоѓа “Јас правам се”

Многу жени ги обвинуваат своите партнери за проблемите кои ги имаат, но никогаш не ги инволвираат нив во решението. Не само тоа, туку префрлање за работи од типот “зошто сеуште немаш поднесено пријава за даноци” или “зошто само ние сеуште немаме никаков план за летен одмор” всушност и не помагаат за тој сериозно да се потруди да помогне. Наместо тоа, поставете ги така работите како да се сложувалка за која ви треба исклучително неговата помош за да ја решите. Ако направите да се чувствува незаменлнив, тој нема да може да одбие да ви помогне. Потхранете му го егото кажувајќи нешто од типот “Ти си експерт за туристички агенции, и мислам дека твоите способности и едно шише вино во вторник вечер ќе бидат одличен начин да ги решиме проблемите за летен одмор” и сигурно ќе го завршите планираното. Плус, ќе ви биде многу позабано отколку со мрчење да ја изнудите неговата помош.

Игнорирање на лошите моменти

Правејќи се дека се е во ред може да биде многу посудбоносно за вашиот брак, отколку едноставно признавање дека работите не се како што треба. Ако неговата нова работа целосно му го одзема времето, што доведува до редовно заглавување на работа и зачестено нервозно однесување, не би било чудно вие да го преќутувате тоа, не сакајќи да му создадете дополнителен притисок. Но сепак, тоа може да доведе само до ваше целосно повлекување, а дополнителна збунетост од негова страна. Почнете со тоа што ќе му кажете како се чувствувате, и фокусирајте се на реални решенија – викнете ги вашите родители да ви помогнат со децата, или одвојте еден викенд во месецот само за вас.

Користење на зборовите секогаш и никогаш

Можеби изгледаат безопасно, но овие зборови навистина може да се опасни за вашата врска. Зошто? Затоа што колку повеќе ги користите, толку повеќе вашиот партнер станува некаков идеал, наместо личност со одредени мани кој не секогаш ќе се однесува така како што претпоставуваме. Бидете свесни кога ги користите овие зборови во неутрални услови – “Тој никогаш не оди навечер во теретана.” или “Тој никогаш не нарачува телешка супа овде.” – бидејќи само на тој начин шансите се помали дека ќе ги употребите за време на кавга, кога коментар како “Ти никогаш не слушаш!” може да направи една мала закачка да прерасне во огромна караница.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk