Одберете долго топло туширање наместо лек за болка

Туширањето помага да се намали чувството на физичко преоптоварување на телото и освежува.

Никогаш немојте да се туширате со сосема топла вода, ниту да се туширате долго, бидејќи на тој начин кожата може да се отпушти и набабри.

Кога се туширате, добро истријте ја кожата на телото со фротирска ракавица. На тој начин ќе ја подобрите циркулацијата а кожата ќе биде мека и затегната. Масажата со вода понекогаш е поделотворна од масажата со раце бидејќи покрај притисокот од водата релаксирачки делува и топлината на водата.

Туширањето овозможува најдобро физиолошко дејство, пред се затоа што топлотното дејство на водата се комбинира со јак механизам на надразнување на кожата со што се отстрануваат мртвите клетки на нејзината површина. Поттикнувајќи ја циркулацијата, туширањето го смирува централниот и периферниот нервен систем.

Затоа, ако чувствувате главоболка, ако сте мамурни или пак ве боли целото тело наместо аспирин или парацетамол употребете го тушот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk