Одберете чаша чоколадно млеко наместо лименка енергетски пијалок

Иако многу луѓе мислат дека чоколадното млеко е убиец на витката линија, истражувањата го покажуваат спротивното. Тие велат дека чоколадното млеко делува поинаку на телото, подигнувајќи го на повисоко ниво нивото на енергија.

Многу е подобро да се напиете една чаша чоколадно млеко кога сте уморни отколку да испиете една лименка од некој енергентски пијалок.

Чоколадното млеко делува на мускулите на тој начин што брзо ги регенерира по изложувањето на физички напор. Со самото тоа многу подолго ќе може да издржите физичка активност а да не се почувствувате заморно.Исто така овој напиток може да го спречи воспалувањето на мускулите по голема физичка активност ако немате доволно кондиција за неа, или доколку веќе настанало драстично да ги намали симптомите.

Сето тоа е благодарение на високиот процент на калциум како и фактот дека во оваа форма тој најбрзо се апсорбира во организмот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk