Однесувањето на таткото влијае врз целото семејство

Социолозите постојано ја напоменуваат важноста на родителите и нивното влијание врз децата. Тие често го посочуваат таткото како глава на семејството и ја нагласуваат улогата на таткото во семејниот систем и неговите постапки кои влијаат врз амбиентот во кој расте детето.

Таткото е пример за целото семејство и особено е важно како тој се однесува со мајката на своите деца бидејќи тие го гледаат однесувањето на таткото кон семејството и подоцна своите односи ги градат на идентичен начин па треба да знаете дека односот помеѓу мајката и таткото многу влијае врз односите помеѓу мајката и децата.

Поради оваа поврзаност, родителите што имаат цврста и квалитетна врска се добри родители.
Татковците што не живеат со своите деца се помалку достапни и во можност за негување на децата, водење на училиште и сл. Во случај на развод, некои мајки им го ограничуваат времето на децата што смеат да го поминуваат со своите татковци, што не е добра одлука бидејќи децата често пати се жалат на тоа дека им недостига едниот родите.
Децата што остануваат во контакт со татковците и после разводот постигнуваат подобри резултати на сите полиња. Затоа мајките би требало да попуштат и да им дозволуваат на татковците да помагаат околу децата и домашните задачи, да ги водат во училиште и да имаат одговорност кон нив.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk