Однесувањето на трудницата во голема мерка се рефлектира врз здравјето на плодот

Однесувањето на трудницата во голема мерка се рефлектира врз здравјето на плодот.

Нејзината подложност на штетните влијанија кои што доаѓаат однадвор, односно нејзиното непримерно однесување кое што подразбира внес на опијати, алкохол, никотин и сл значително може да предивика негативни последици не само врз физичкиот туку и врз психичкиот развој на детето.

Ризикот за појава на пореметувања во вниманието и хиперкинетичкиот синдром кај децата се зголемуваат при константен и чест внес на никотин во организмот на трудницата.

Тоа подразбира појава на претерана мускулна активност, импулсивно однесување и невнимание кое го манифестира детето.

Според истражувањата, нездравите животни навики на идната мајка се можна причина за хиперкинетичките пореметувања кај децата дури во 60% од случаите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk