Одржете ја рамнотежата во бракот и по раѓањето на бебето

Иако бракот се соочува со низа притисоци кои ги носат сите нови задачи и одговорности поврзани со доаѓањето на најмалиот член на семејството во домот, сепак постои начин како да го зајакнете бракот и по раѓањето на детето и да не дозволите новите околности да ве извадат од рамнотежа.

Пред се поделете ги задачите

Поделбата на задачите значи нивно навремено и успешно извршување што понекогаш може да претставува тампон зона за сите несогласувања во домот околу задачите што треба да се извршат.

Не ги заборавајте прошетките

Затворањето во домот со секојдневните обврски предизвикува монотонија која може да доведе до појава на чести расправии за кои доволна причина може да биде и погрешната интерпретација на говорот на телото или пак изразот на лицето. Ставете го детето во количка и излезете на прошетка. Разбистрете го умот во опкружување надвор од домашното секојдневие.

Разговарајте со партнерот

Најмалку половина час во текот на денот, и покрај сите незавршени задачи, одвојте време за разговор со партнерот. Разговарајте за се што мислите дека ќе биде интересна тема на разговор и повторно пронајдете ги заедничките точки што ве поврзуваат.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk