Околината е важен фактор за подобрување на состојбата кај импулсивните деца

Децата кои имаат симптоми на импулсивност во основа покажуваат нетрпеливо однесување, кажуваат несоодветни зборови, ги покажуваат своите емоции без да се воздржат и без разлика на последиците што можат да ги предизвикаат. Имаат проблем да чекаат во ред и честопати се случува да го прекинат говорот на другите лица од нивната околина.
Најважните принципи на работа со хиперактивните деца се состојат во наградувањето. Поттикнувањето на хиперактивните и импулсивни деца да се дружат со децата кои што пројавуваат општо прифатливо однесување кое детето ќе го имитира е исто така од клучна важност во третманот на овие деца.

Прикажувањето на предностите на ненасилното решавање на проблемите, канализирање на енергијата со спортски и креативни активности е една од приоритетните задачи пред се на бихејвиоралниот терапевт а потоа и на родителите.

Многу е важно импулсивните деца да не се наоѓаат во друштво на агресивни, нервозни и нетрпеливи луѓе кои би можеле да го поттикнат нивното импулсивно однесување.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk