Општи мерки за населението за превенција од сезонски грип

Објавено на: Jan 09, 2017 од Мама Силвана

Комисијата за заразни болести потсетува на општите мерки за населението за превенција од грип кои беа утврдени на состанок одржан на 5 јануари 2017 година. Мерките се однесуваат на сите акутни респираторни заболувања и може да се од голема корист, особено ако се применуваат во текот на целиот зимски период.

Еве кои се мерките:

– Да се избегнува собирање и престој во простории каде престојуваат повеќе луѓе, особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни или сомнителни – кашлаат, киваат, имаат покачена телесна температура.

– Често да се мијат рацете со вода и сапун или со дезинфекциско средство.

– Да се загреваат просториите за престој и често да се проветруваат.

– Препорачливо е топло, слоевито облекување, топли бањи.

– Да се пијат топли напивки (чаеви и супи), овошни цедени сокови, вода со лимон.

– Да се консумираат свежи продукти богати со витамини и минерали, најдобро овошје и зеленчук кои му се неопходни на организмот. Особено се пожелни продукти богати со витамин Ц (цитрони, лимони, портокали, пиперка). Доколку не се располага секогаш со свежи прехранбени продукти, може да се користат и мултивитамински таблетарни препарати и зајакнувачи на имунитетот.

– Практикување здрав начин на живот и здрави навики, вклучително добар сон и одмор, здрава храна, одржување на физичката и психичката активност, намалување на стресот. Силниот имунитет помага да се остане здрав или за полесно справување со грипот и заболувањата слични на грип.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…