Оризово масло – моќно оружје против стареење

Оризовото масло е богато со природни антиоксиданси и е моќно оружје против процесот на стареење.

Во Јапонија и Тајланд, каде жените се грижат исклучиво за убавината и младоста на кожата, тоа е меѓу најпопуларните “антиејџ” средства.

Се добива од ембрионот и внатрешната обвивка на оризовите зрна.

Оризово масло има својство да ја навлажнува кожата, да ја подмладува и да ја штити од штетните UV зраци. Се користи како база за правење креми за лице, сончање, козметика, како и за изработка на масажни масла. Иако е со густа текстура – тоа се разнесува со леснотија.

Го има во некои маски за коса, бидејќи ја негува косата и ја прави повеќе елегантна. Има примена и во декоративната козметика, како состојка на лакови и кармини.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk