Освежете се со витаминска салата од моркови и портокали

Вистински витамински оброк со неверојатен микс на вкусови.

Потребни состојки:

– 2 моркови
– 2 портокали
– 1 круша
– неколку листови свежо или сушено нане

Излупените моркови исечкајте ги на тенки ленти, портокалите на резанки, и заедно
со ливчињата нане, убаво измешајте ги во подлабок сад.

За подготовка на преливот потребни ви се следниве состојки:

1 лажичка мед
3 лажички маслиново масло
2 лажички сусам.
сол и бибер

Сусамот пропржете го сосем малку.

Сите состоки потребни за сосот, измешајте ти и прелијте ја веќе приготвената салата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk