Освежувачка салата идеална за оние кои се на диета

Освежувачка салата е идеално јадење во текот на топлите денови во лето, а доброто е што чинијата можете да ставите што сакате.

Доколку ги измешате сите состојки добро, освежувачката салата без проблеми може да ви биде главен оброк во денот. Салатите се прав избор за топлите денови- здрави се, готови за секунда и се доста вкусни, а изборот на состојки е шаренолик.

Ви претставуваме 2 рецепти за вкусна салата.

Салата од кафен ориз и туна

Состојки: 150 гр сварен кафен ориз, 3 лажици свеж салса сос, 2 млади кромиди, 50 гр кисели пиперки исцедени и исецкани, 50 гр црвен грав, една конзерва туна исцедена околу 80 гр и неколку листови зелена салата за декорација.

Припрема: Измешајте го оризот со сосот, кромидот, гравот и пиперките. Промешајте ги добро и додадете зачин по желба. Додадете ја туната потоа. Во прилика на сервирање, додадете неколку листови од зелена салата, а по желба можете да додадете и повеќе сос.

Салата со мисиркино месо

Состојки: 500 гр мисиркини гради, 1 лажица маслиново масло, малку сол, 2 лажици јаболков оцет, 50 гр свеж спанаќ, половина зрел исецкан авокадо, 4 домати, 200 гр, малку сенф, малку сирење.

Припрема: Загрејте ја тавата на среден оган, мисиркиното месо намачкајте го со масло и малку посолете го. Печете на една страна 4 минути, потоа свртете ги и наставете да ги печете отприлика уште 3 минути. Извадете го месото од тавата и исецкајте го на коцки.

Припрема за преливот за салатата: измешајте го оцетот,сенф, 1 лажица вода, две лажици масло и малку сол. Во голем сад ставете го спанаќот и две лажици прелив. Потоа се додаваат печените мисиркини гради, авокадото, доматите и сирењето. Прелијте преку се остатокот од преливот и по желба додадете малку свеж мелен црн бибер.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk