Осветлете ја косата на природен начин со помош на мед и цимет

Со правилно користење на циметот може да добиете одлични резултати во просветлувањето на косата, а при тоа таа да ја задржи мекоста и сјајот. Исто така, овој зачин делува врз одржувањето на хидрацијата на влакното.
Во сад со средна величина ставете 250 мл регенератор, три лажици цимет и 100 мг природен мед. Состојките добро промешајте ги со пластична лажица.

Немојте да користите метална, бидејќи металот може негативно да влијае врз состојките во смесата. Добредојдено би било, доколку сте во можност, во смесата да додадете една лажица маслиново масло или лажица кокосово масло. Доколку се одлучите да ги додадете и маслата тогаш намалете ја дозата на циметот на две лажици. Маслата делуваат на тој начин што го поттикнуваат производството на водородниот пероксид кој делува врз осветлување на косата.

Садот оставете го на собна температура, да одстои околу половина час пред да ја употребите смесата.

Измијте ја косата на класичен начин, а потоа рамномерно нанесете ја смесата на косата. Косата треба да биде мокра. Откако ќе ја нанесете смесата, завиткајте ја косата во капа за пливање, топол пешкир или фолија. Држете ја смесата на косата околу три часа. Потоа измијте ја косата само со јак млаз вода.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk