Осветлете ја косата со природни препарати

Ако сакате да ја осветлите косата тоа можете да го направите на природен начин. Наместо да ја сушите косата со хемикалии и додатно да ја оштетувате, ви откриваме со кои природни состојки вашата коса може да стане посветла.

Лимон

Најдобриот начин да ја осветлите косата е со помош на лимон. Помешајте лимонов сок со мед и нанесете ја смесата на косата. Оставете да делува 20 до 30 минути, па измијте. Косата измијте ја на вообичаениот начин и обавезно нанесете регенератор, бидејки лимонот ја суши косата.

Камилица

Направете чај од камилица и оставете да се олади потполно. Косата измијте ја на вообичаениот начин, нанесете регенератор, а потоа косата измијте ја со чајот. Косата изушете ја на сонце. Постапката повторувајте ја секој ден за да постигнете подобар резултат.

Оцет

Косата измијте ја, нанесете регенератор, а потоа имијте ја со јаболков оцет. Со редовното измивање на косата со јаболков оцет постепено ќе ја осветлите косата.

Црн чај

Црниот чај содржи танински киселини кои може видливо да ја осветлат косата. Направете јак црн чај и измијте ја косата со него. Оставете да делува 30 минути, па изплакнете ја со топла вода.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk