Ослабете 5 килограми за три дена

Ваков начин на исхрана се држи само 3 дена во кои можете да ослабете дури и до 5 килограми. За време на диетата се јадат варени компири и се пие јогурт со ниска масленост. Скробот од компирите заедно со млечната киселина обезбедуваат минимална дневна доза на калории. Кога ќе дојде во контакт со вода, скробот набобрува во желудникот, а со тоа дава чувство на ситост.

Режим на исхрана:

Ден 1
Појадок: 1 варен компир без сол, 1 чаша јогурт
Ручек: 2 варени компири без сол, 1 чаша јогурт
Вечера: 2 чаши јогурт

Ден 2
Појадок: 1 чаша јогурт
Ручек: 2 варени компири без сол, 1 чаша јогурт
Вечера: 1 варен компир без сол, 1 чаша јогурт

Ден 3
Појадок: 1 варен компир без сол
Ручек: 1 варен компир без сол, 1 чаша јогурт
Вечера: 1 чаша јогурт

Правете разлика помеѓу помфрит и варен компир, кој е многу здрав. Тврдењата на некои истражувања дека компирот не дебелее се погрешни, доказ за тоа е и овој начин на исхрана со кој ќе ослабете и до 5 килограми.

Компирот содржи многу витамини и минерали, а поради содржината на влакната ја забрзува работата на цревата и варењето на храната.

100 гр. компир содржи само 75 калории, што е помалку од чаша цеден сок од портокал кој содржи 90 калории. Од друга страна јогуртот ја регулира работата на системот за варење, со што се отстранува вишокот течности и отрови од организмот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk