Откриено зошто се губи желбата за секс во бракот, не дека не знаевме

Објавено на: Oct 22, 2015 од Мама Силвана

Сексолозите наведуваат неколку клучни причини, зошто двојките со тек на време го губат интересот за секс. Тие произлегуваат од стресниот начин на живот, а прв на листата за сите двојки е заморот заради секојдневните обврски.

И двајцата партнери работат, се грижат за децата, за родителите и едноставно немаат здив.

Кога работниот ден ќе заврши, тие чувствуваат блискост и поврзаност, но попрво ќе заспијат прегрнати отколку да се впуштат во секс, бидејќи се преморени.

Во креветот не се менува ништо, но времето поминува и луѓето се менуваат, потребите и барањата се поразлични, потребно е повеќе инспирација и предизвици, а сексуалната рутина останува иста.

Сексот станува предвидлив и здодевен, посебно ако еден од партнерите иницира новина, а другиот не прифаќа. Тоа е втора најчеста причина за за опаѓање на сексуалната желба, која сексолозите ја утврдиле при истражувањето со двојките.

Негативниот емотивен набој исто така е клише во односите која е причина за сексуална незаинтересираност.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…