Откриен е првиот детски цртеж стар околу 13,000 години

 

Научниците од Универзитетот Кембриџ неодамна развиле метода според која можна е идентификација на полот и староста на луѓето кои ги цртале праисториските пештерски слики. Тие за прв пат дошле до вакво сознание во 2006 година.
Праисториската пештерска уметност во местото Руфињак во Франција е дело на деца, од кое најмалото имало само три години.

Сликата наречена Илјада Мамути, која датира од пред 13,000 години е направена со поминување на детски прстиња по меките тавански површини на пештерата. Научниците веруваат дека поголем дел од сликата е дело на петгодишно девојче.

Во конкретниот цртеж, научниците откриле трагови од вкупно четири деца на возраст од три до седум години.

Трагови од прсти на пештерските ѕидови се откриени и во Шпанија, Нова Гвиниеа и Австралија.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk