Патолошката љубомора во бракот ги измачува партнерите

Љубомората е комплицирана човечка емоција. Многу е важно да се напомене дека таа истовремено е и сосема нормална човечка емоција која што ја доживуваат скоро сите луѓе на оваа планета.
Љубомората станува проблем кога не се намалува во нејзиниот интензитет или кога се манифестира константно низ секојдневното однесување.

Проблемот се појавува кога таа се појавува без реална причина. Вообичаено е да почувстуваме љубомора кога ќе согледаме докази за сомнеж. Но, под некои специфични околности љубомората може да поприми и облици на самоодбрана и потенцијална опасност кон партнерот кон кого е наменета, фигурирајќи во однесувањето на партнерот дури и кога не постои реална причина за тоа.

Некои од вообичаените однесувања карактеристични за личностите кои доживуваат патолошка љубомора се:

– Постојано барање на докази за неверство
– Постојано анализирање на однесувањето на партнерот и грешна интерпретација за истото
– Манијакално проверување на телефоните, интернет профилите и секој друг облик на комуникација што го остварува партнерот
– Чести проверки на личните работи и предмети на партнерот во потрага по докази кои што ќе го докажат сомнежот
– Одалечување на партнерот од неговите пријатели и познаници
– Јавно искажување на постојана недоверба
– Во екстремни случаи присуство на физичко и вербално злоставување на партнерот

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk