Патување на малолетно дете со авион без присуство на родителите -кои се правилата

Објавено на: Aug 02, 2016 од Мама Ане

Секаде низ светот постојат строго дефинирани процедури кога е во прашање патувањето на малолетно лице во странство, особено поради безбедносни мерки.
Најдобра опција е на децата кои што патуваат сами да им се обезбеди службен придружувач на патувањето. Придружувачот е неопходен за сите деца помеѓу пет и дванаесет години, а кои летаат на кратколиниски лет кој трае до пет часа максимум, како и за деца до 12 години кога патуваат подолго од пет часа.
Скоро секаде важи општото правило дека деца помлади од пет години не смеат да патуваат сами.
Службениот придружувач што му се доделува на детето е член на екипажот или дел од аеродромскиот персонал. Оваа услуга се наплаќа посебно според однапред одреден ценовник на авиокомпанијата.
Според законот повеќе не е можно запишување на детето во пасошот на родителите, па така за да ја помине границата детето треба да има сопствен пасош. Доколку детето патува без присуство на родителите потребно е покрај пасошот да поседува согласност за патување уредно потпишана од двајцата родители и заверена на нотар. Исто така, според правилото, согласност треба да поседуваат и оние деца чии што родители се разведени. Согласноста е потребна доколку децата патуваат и во придружба на возрасни лица кои не се членови на потесното семејство.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…