Петровски: Висината на детето задолжително мерете ја двапати годишно

На 20 септември се одбележа Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата.Од Здружението „Раст“ за „мама365“ велат дека тие овој ден го одбележале традиционално имале превентивен пункт со лекарска екипа од стручен тим доктор педијатар и медицинска сестра од советувалиште за деца.

„Оваа година екипата беше од ЈЗУ „Здравствен дом“ Скопје како наш значаен партнер, на овој ден се приклучија и од ООУ„Владо Тасевски“ така што се направи мерење на висината на првооделенчињата, а од нашите членови дечиња им беа поделени подароци во знак на благодарност за нивниот придонес. Во Порта Македонија се обративме на јавноста за да ја подигнеме свесноста за овој проблем, каде свој придонес даде и заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски на кој сме му исклучиво благодарни, бидејќи за прв пат на наш настан, имавме претставник од ресорното министерство“, вели Александар Петровски претседател на ова здружение.

Тој не информираше дека во Македонија има околу 100 дечиња кои се на хормонската терапија за раст. Но има и висока, но неофицијална бројка од околу 30 до 40 дечиња кои за жал чекаат да започнат со своето лекување, а некои и не добиваат можност воопшто да бидат лекувани, затоа што веке за нив е предоцна.

Доколку се детектираат проблеми при растот, најдобро е лекувањето да почне што поскоро.

„Доколку се детектира заостанување во растот, по каков било основ, најважно е лекувањето да биде започнато што поскоро, за да може да се постигнат крајните максимални посакувани резултати.Терапијата за жал сега засега се подига само од Детската клиника во Скопје, и тоа еднаш месечно. Терапијата се боцка еднаш навечер непосредно пред спиење, нешто како пациентите со дијабетес што примаат инсулин. Терапијата секако делува беспрекорно позитивно на овие наши дечиња од секаков аспект и токму затоа се нашите заложби кои во континуитет ги правиме не само во Македонија туку и на светско ниво како Здружение“, додава Петровски.

Неговата порака до родителите е задолжително да ги мерат децата во првите години од нивниот живот, барем двапати годишно.

„Инсистирајте мерените резултати да бидат запишани во кривата за раст која е кај матичниот педијатар на вашите деца. Доколку во континуитет заостанува во висината, побарајте дополнително иследување на Детската  клиниката за ендокринологија во Скопје секако во консултација со матичниот педијатар“, советува Петровски.

Здружението „Раст“ брои околу 70 членови и во континуитет веќе шест години организираат традиционални  активности за нивните членови и дечињата како летни едукативни кампови, одбележување на Светскиот ден и различни прослави.

„Овие активности се покажаа исклучиво продуктивни за самите родители, но и за децата затоа што мотивацијата и подигнувањето на самодовербата, е од исклучиво значење за нив. Би завршил со зборовите грижејќи се за здравјето на нашите дечиња, се грижиме за нашите поколенија, придонесуваме за нашата иднина“, вели Петровски.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk