Пет митови поврзани со бременоста

Митовите поврзани со бременоста се стари колку и самото човештво. Дури и во денешно време многу трудници се соочуваат со нив. Но што од тоа е всушност вистина?
– Можете да го одредите полот на детето според начинот на кој што го носите- МИТ!
Освен со ултразвучен преглед не постои ниту еден друг медицински докажан начин за одредување на полот на бебето во стомакот на мајката. Начинот на носење на плодот може да ги одреди неговата положба, гестациската старост и сл. и во голема мерка зависи од телесната градба на мајката како и од фактот дали мајката е прворотка или не.

– Ако трудницата спие на грб може сериозно да му наштети на плодот: МИТ!
Точно е дека оптимална циркулација се постигнува доколку трудницата спие на левата страна. Но доколку станува збор за нормална бременост дури и ако трудницата спие на грб не може сериозно да му наштети на плодот. Дури и во случај кога трудницата има проблем со бубрезите се препорачува спиење на грб.
– Ако често ги дигате рацете над главата може да се замота папочната врвка околу вратчето на бебето: МИТ!
Според статистичките податоци околу 25% од бебињата се раѓаат со папочна врвка замотана околу вратчето или нозете. Оваа состојба не може да биде предизвикана од никакво мајчино однесување во текот на бременоста.
– Сексот во бременоста може да го повреди бебето: МИТ!
Сите валидни медицински извори тврдат дека не е возможно да се повреди бебето во стомакот на мајката за време на сексуалниот чин. Тоа е добро заштитено во матката полна со плодова вода, како и со мукозниот чеп кој го покрива грлото на матката и спречува продор на се однадвор ( вклучувајќи ги и бактериите )
– За секое бебе што ќе го роди мајката треба да изгуби еден заб: МИТ!
Денес на сите трудници им е познато значењето на дополнителниот внес на калциум кој во комбинација со редовна орална хигиена и исхрана богата со витамини и минерали го превенира расипувањето на забите кај трудниците. Но, доколку се случи тоа, посетата на стоматологот е исклучително препорачлива практика.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk