Пиењето ладна вода во текот на оброкот може да има негативен ефект врз дигестивниот систем

Иако е многу важно секојдневно да го обезбедувате потребното ниво на хидратација на организмот, ова правило не важи додека јадете.

Пиењето вода во текот на оброкот може да има негативен ефект врз функционирањето на организмот и дигестивниот систем.

Точно е дека течноста е многу важна за нормално варење на храната, но доколку таа се внесува во текот на јадењето може да го поремети нивото на концентрацијата на киселините во желудникот кои се неопходни за правилно варење на храната.

Ова особено важи за ладната вода, која може да го успори целиот процес на преработка на храната и да предизвика дополнително чувство на тежина и подуеност во стомакот.

Ако сте жедни напијте се вода барем петнаесетина минути пред оброкот или по него. Доколку храната е премногу блага или солена напијте се неколку голтки течност која е загреана на собна температура.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk