Пире од пченка-вкусен оброк за најмалите

Здрав и вкусен оброк за бебиња богат со антиоксиданси и растителни влакна.

За да ја подготвите оваа кашичка потребни ви се следните производи:

• малку ситно сецкан кромид

• 1 мала лажичка путер или маслиново масло

• половина морков исецкан на ситни кругови

• 1 компир излупен и исечкан  на коцки

• 20 мл вода

• 30 гр зрна од пченка ( може и смрзната )

 

Начин на приготвување:

Растопете го путерот во сад на оган или загрејте го маслиновото масло а потоа додајте го кромидот. Откако ќе зарумени додадете го и морковот и динстајте на умерена температура.

Потоа во садот ставете го и компирот. Варете околу десетина минути и додадете ја пченката.

Откако сите состојки ќе бидат добро сварени, процедете и изблендирајте.

 

Доколку сметате дека кашичката е густа додадете малку од водата во која се вареа состојките.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk