Плата за бабите и дедовците кои чуваат внучиња

Од 1ви јануари 2009 година во Бугарија вроди со плод иницијативата за плата за бабите и дедовците кои ги чуваат своите внуци.

Оваа мерка била донесена со цел подобрување на наталитетот, кој е најнизок меѓу земјите на ЕУ. Имено оние баби и дедовци кои ги чуваат своите внуци примаат додатна сума на ниво на минимална плата од 240 лева или 120 евра, според амандман од Законот за поттикнување на вработувањето.

И Романија е дел од ваквата иницијатива која меѓу првите земји имаше иницијативен закон со кој се предвидува можност бабата и дедото на дете, кое има две или три години, да добиваат месечен паричен надомест за грижа на внучето, додека родителите му се на работа Паричната помош е во износ од една минимална плата во земјата.

Полска е со сличен пример, исто така и Турција. Во Британија бабите и дедовците бараа плата!Ба­ра­ње­то, насловено како “Насоки во грижата за семејството”, е дело на ху­ма­ни­тар­на­та организација “Грендпеарентс плејс”, зад која стојат над 300.000 ба­би и дедовци кои редовно ги чуваат и се грижат за нивните внуци.

Из­веш­та­јот апелира до министрите да им дозволат на бабите да примаат дет­ски додаток, кој во моментот е во висина до 300 фунти неделно, до­кол­ку им помагаат на родителите да се вратат на работа.

Сепак можеби и кај нас добро е да се донесе ваков закон бидејќи не постои личност во која имате поголема доверба од вашиот родител за да го оставите детето!

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk