Плачот е говорот на бебето

Единствениот начин на кој бебето може да и каже на мајката што го мачи или од што има потреба во моментот е плачот.
Плачот може да биде навистина збунувачки и да ги вознемири новите родители но со текот на времето тие лесно можат да го препознаат плачот на бебето и да сфатат кои се неговите потреби.

Не секогаш кога бебето ќе заплаче потребно е да се стави на градите за доење. Ако бебето е гладно плачот е силен и јак но најчесто не е пропратен со врисок.

Кога бебето искажува лутина, плачот најчесто е нерамномерен и силен, проследен во одредени временски интервали со паузи.

Кога детето е болно најчесто испушта звук сличен на цвилење, стенкање а ако нешто го боли тогаш тој плач е силен, интензивен, без прекини и пропратен со врисоци.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk