Победете го стресот со вкусен напиток од кокос и портокал

Објавено на: Dec 26, 2016 од Мама Ане

Ова жолто смути со тропски вкус е вистинско освежување од манго, портокал и кокос.

Богато е со бета каротин и витамин Ц, а благодарение на куркумата има неверојатни антиоксадативни својства.

Потребни состојки за негова подготовка:

– 1 манго
– 1 портокал
– 1 морков
– 1 чаша кокосово млеко
– 1 лажица кокос
– половина лажичка куркума

Сите состојки добро измешајте ги во блендер.

Уживајте во убавиот микс на вкусови.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…