Подгответе вкусна пилешка паштета без ниту еден адитив

 

Општо познат е фактот дека индустриските преработки на месото, меѓу кои спаѓаат и паштетите, се најлошиот избор на храна за децата.

Но доколку сепак сакате детето да го послужите со ваков вид намаз, тогаш подгответе ја сами паштетата во домашни улови, подгответе вистинска, здрава пилешка паштета без ниту еден адитив или конзерванс.

За подготовка на пилешката паштета ќе ви бидат потребни следниве состојки:
– 200 гр. бело пилешко месо
– 100 гр кисела павлака
– 3 моркови
– 1 јајце
– 1 чешне лук
– малку сол

Подготовката е поедноставна отколку што ви се чини. Пилешкото месо и морковите ставете ги на оган да се варат. Истото направете го и со јајцето но во посебен сад. Кога ќе се сварат месото и морковите, процедете ги од водата и оставете ги да се оладат. Оладените продукти, вклучувајќи го и тврдо вареното јајце, исецкајте ги на поситни парчиња и ставете ги во сецко. Миксајте се додека состојките во потполност не се раситнат. Пред крајот посолете и додадете ја павлаката. Миксајте уште една минута и паштетата е готова.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk