Подгответе ги дојките за доење

Во периодот од еден месец пред очекуваното породување започнете полека да ги подготвувате вашите дојки за доењето.

Избегнувајте користење на интензивни гелови за туширање или хемиски креми и масла во регионот на градите, особено во пределот околу брадавиците.

Одржувајте ја хигиената на градите миејќи ги со топла вода и внимавајте добро да бидат исушени без груби движења по површината на кожата со крпата.

Ако користите масла за нега на кожата тогаш одлучете се за природни масла пред се ставајќи акцент на маслото од јојоба, маслиновото и бадемовото масло.
Редовно масирајте ги дојките движејќи се до дланките од работ на дојката кон брадавицата правејќи кружни движења.

Во текот на бременоста секогаш користете памучен градник кој ќе ја има соодветната големина која одговара на формата и обликот на градите.

 

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk