Подгответе ефикасен чај за слабеење од само три состојки

Оние што веќе го испробале овој чај велат дека чувството на леснотија во стомакот ќе го почувствувате за само 24 часа. Во рок од 7 дена, во просек се намалуваат околу 7 до 8 сантиметри во половината.

Доволни се само три чаши на ден за да го почувствувате позитивниот ефект од оваа одлична комбинација на состојки која има моќ да ги стопи масните наслаги, особено на критичните регии како што се стомакот и бутовите.

За да го подготвите овој напиток потребни ви се само три состојки:

 

• Зелен чај

• цимет

• ловоров лист

Подготовката е многу едноставна.

Во сад на оган ставете да зоврие еден литар вода. Откако ќе почне да врие водата, намалете ја температурата и додадете едно стапче цимет, 5 ловорови листови и две кесички зелен чај. Оставете го садот на тивок оган уште пет минути. Потоа покријте го со капак и оставете го да отстои 15 минути. На крај процедете го чајот.

Првата чаша чај испијте ја наутро на празен стомак.

Втората чаша испијте ја  веднаш по појадокот, а третата навечер пред да заминете на спиење.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk