Подгответе му на вашето бебе здрави домашни бисквити со овесни снегулки

 

Вкусни и здрави бисквити за деца постари од една година.

Потребни состојки:
– една изматена жолчка
– две лажици природен мед
– една лажичка ванилин шеќер
– една лажица маслиново масло
– половина шолја млеко
– една шолја овесно брашно
– половина шолја бело пченично брашно
– половина шолја овесни снегулки

Начин на подготовка:
Со помош на миксер изматете тесто од сите наведени состојки. Тестото потоа измесете го со рака и исукајте кора со дебелина од еден до два сантиметри.
Исечете ги бисквитите со помош на чаша.
Бисквитите наредете ги на подмачкан плех и печете околу петнаесетина минути на температура од 180 степени.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk