Подгответе му на вашето малечко домашен овошен јогурт од праска

Богат со хранливи состојки како што се бета каротинот и калциумот, овој освежителен оброк ќе биде вистинско уживање за вашето малечко.

Потребни состојки:
– една праска
– 100 милилитри јогурт
( малку ванила по желба )

Начин на подготовка:

Излупете ја праската и извадете и ја семката. Излупената праска изгмечете ја со вилјушка. Додајте го јогуртот и промешајте. По желба може да изрендате сосема мало парче од стапче од ванила.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk