Подгответе му на вашето малечко превкусна кашичка наречена „Зелена магија“

Оваа вкусна и здрава кашичка која е исклучително богата со железо е препорачлива за бебиња постари од седум месеци.

Потребни состојки:
Промешајте мала количина од сите наведени видови на зеленчук:
– спанаќ
– грашок
– брокула
– компир

Додајте малку путер и млеко

Начин на подготовка:
Прво обарете го ситно исецканиот спанаќ. Откако ќе го процедите спанаќот во истата вода сварете го и останатиот зеленчук. Потоа се заедно изблендирајте. Во мал сад на оган стопете малку путер, ставете го изблендираниот зеленчук и налијте малку млеко.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk