Подгответе оброк од тарана и домати во кој ќе ужива вашето бебе

Вкусен оброк од тестенини за бебиња постари од една година.

Потребни состојки:
– две супени лажици тарана
– еден помал домат ( излупен и исецкан)
– 1/3 кафена лажичка шеќер
– путер
– едно младо кромидче

Начин на подготовка:
Тараната се вари на вообичаениот начин.
Во друг сад путерот се растопува, се сецка кромидчето, се пропржува кратко и се додава доматот и шеќерот. Се динста уште десетина минути. Потоа доматниот сос промешајте го со тараната.
Понудете секогаш свежо подготвен оброк.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk