Подгответе се навреме за раѓањето на “зимското” бебе

 

Иако надвор е ладно, сепак педијатрите препорачуваат да се купи облека на бебето која што не е толку дебела поради тоа што во поголемиот дел од времето бебето ќе престојува во затворена и затоплена просторија.

Иако бебињата во просек се долги околу 50 сантиметри тоа не значи дека треба да им купувате облека која што одговара на големината 50. Добро би било да имате неколку парчиња бебешка облека која што одговара на величината од 52 до 56. Замислете само колку потешко на природен начин ќе се суши облеката на бебето во текот на зимскиот период, затоа препорач

ливо да имате неколку парчиња повеќе гардероба за најмалиот новодојден член на семејството.
Освем боди и шпикозни, на зимските бебиња им се потребни и неколку пара памучни чорапчиња. При изборот на чорапчиња внимавајте да немаат ластиче на горниот крај кое би ја стегала ногата на новороденчето.

Потребни ќе ви бидат и неколку памучни капчиња за домашна употреба, особено после бањањето на бебето.

За првата прошетка секако ви е потребен скафандер или вреќичка. Најдобро е тие да бидат неколку броеви поголеми поради комфорност на бебето додека е во нив.

Подебелите кебиња се задолжителни за зимските бебиња- едно за прекривање и едно за во количката.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk