Подгответе се за настинки и вирусни инфекции

Доаѓа сезона на настинки и вируси затоа е добро навреме да го зајакнете имунитетот. Во тоа може да ви помогнат неколку состојки.

Лимон

Освен витамин Ц, содржи органски киселини, одлично го зајакнува имунитетот и се препорачува за настинки.

Ѓумбир

Ја олеснува болката во грло и ја ублажува кашлицата. Тој има антибактериски, антигабични својства па се користи како превенција против грип и настинки. Ѓумбирот е антихистамин па се користи и против алергии.

Мед

Најпознатото лековито својство на медот е олеснување на симптомите на грип и настинка како и други болести на респираторниот систем како што се бронхитис и воспаление на грлото и синусите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk