Подгответе супер вкусни домашни ванилици

Подготовката е полесна отколку што ви се чини, а вкусот извонреден.
Потребни состојки:
– 150 гр путер
-100 гр шеќер во прав
– 2 пакетчиња шеќер од ванила
– еден пудинг од ванила ( претходно приготвен)
– 150 гр брашно
– екстракт од ванила
– половина кесичка прашок за пециво

Начин на подготовка:
Од наведените состојки замесете меко тесто, завиткајте го фолија и оставете го да отстои барем два часа во фрижидер.
Тестото премесете го повторно и обликувајте го во правоаголна форма. Од него формирајте мали топчиња во големина на орев. Топчињата наредете ги во плех, претходно обложен со хартија за печење, па одозгора по желба стиснете ги со вилушка.
Правете растојание помеѓу топчињата, бидејќи во текот на печењето тие ќе нараснат.
Печете ги на 180 степени во претходно загреана рерна десетина минути.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk