Позитивни ефекти од јаболковиот оцет

Јаболков оцет е одличен прилог не само кон салатата, но и кон домашните разубавувачки процедури.

Со него може да ја миете косата по бања, за повеќе чистота и сјај, како и да ги чистите ноктите, пред да нанесете лак.

Освен тоа, сепак, јаболковиот оцет може да ви помогне да се справите со акните и мрсната кожа.

Не се бара ништо повеќе од една лажица мед (најдобро домашен), половина лажица јаболков оцет и неколку капки чисто масло, бадемово, на пример.

Ако не успевате да добиете соодветна конзистентност на смесата, коригирајте ја малку количината на состојките.

Готовата маска се нанесува на чисто лице и оставете да делува 20-30 минути. Потоа измијте со млака вода.

По потреба, може да нанесете и соодветен крем.

Применувајте ја еднаш неделно оваа маска, за да бидете сигурни дека ќе се постигне полесно саканиот ефект.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk