Позицијата во која е поставено бебето во мајчиниот стомак го одредува интензитетот на неговите движења

Позицијата во која е поставено бебето во мајчиниот стомак во голема мера може да влијае врз тоа со кој интензитет мајката ќе ги чувствува неговите движења.

Најмногу удари мајката чувствува во оној дел од стомакот каде што се наоѓаат екстремитетите на бебето.

Ако главата на бебето е свртена кон долу, ударите ќе бидат поинтензивни во горниот дел од стомакот, додека пак мајките чии што бебиња се свртени со нозете кон долу најголемиот број на удари ќе го чувствуваат во долниот дел од стомакот.

Ако бебето со грб е свртено кон предната страна на стомакот тогаш трудницата може да почувствува помалку движења од вообичано, односно полесно воочливи се движењата кога бебето со грб е свртено кон грбот на мајката.

Ако бебето со лицето е свртено кон предниот дел од стомакот на мајката тогаш ударите ќе бидат почести и поинтензивни,а ако е свретно со грб тогаш ударите можат да се почувствуваат најчесто во долниот лев агол од стомакот.

 

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk