Положби на спиење кои се опасни по здравјето

Некој сака да спие на грб, некој на стомак, некој згрчен, некој испружен. Сепак, за нашето тело спиењето на страна е најздраво.

Искривеноста на телото за време на спиењето може да предизвика стрес, но и напрегање на `рбетот, вратот, рамената, колковите, па дури и вилицата. Експертите советуваат дека за време на изборот на положба за спиење, треба да се земат во предвид три криви на телото – долниот дел и средината на грбот и пределот околу вратот, бидејќи целта е да се задржи природен болик на `рбетот за време на спиењето.

Спиењето на стомак е лошо за здравјето, бидејќи може да доведе до дегенерација на `рбетниот столб. Проблемот е тоа што во таа положба премногу се напрегаат лигаментите и мускулите околу половината и се создава притисок врз нервите во рацете, што може да предизвика вкочанетост и трнење наредниот ден.Освен тоа, оваа положба не се препорачува, бидејќи тежината на телото ги притиска белите дробови, што го отежнува циклусот на длабоко издишување и вдишување, а притоа непотребно се притискаат градите.

Кога станува збор за спиење на грб, проблемот е во тоа што јазикот може да се вовлече наназад и да го блокира каналот на дишните патишта. Затоа оваа положба не е добра, особено за луѓето кои патат од апнеја. Исто така, оние кои спијат на грб се склони кон `рчењето.

Лицата со болно срце, одредени болести на дишните органи, глауком или одредени болести на стомакот, може да имаат корист од оваа положба, ако лежењето на грб го заменат со полуседечка положба и со ставање на перница под грбот.

Експертите сметаат дека спиењето на страна е најдобра положба за спиење, бидејќи се вклопува во природната закривеност на `рбетот. Положбата може да се подобри со поставување на перница помеѓу колената, бидејќи на тој начин ќе бидат релаксирани и колковите.

За поддршка на главата се препорачува средно висока перница, а може и “водена” перница која едноставно се прилагодува. Ако лицето има висок крвен притисок, лекарите препорачуваат да се спие на левата страна, а ако има камен во бубрегот, спиењето би требало да биде на десната страна.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk