Помогнете му на бебето побрзо да ја развие и воспостави рамнотежата

Една од најчестите грешки што ја прават родителите во текот на првите шест месеци од животот на бебето е избегнувањето бебето да го ставаат во положба со стомачето надолу.

Оваа грешка може да се рефлектира врз нормалниот развој на грубата моторика на бебето.

Положбата на стомак за бебињата е многу важна и не треба да се избегнува. Имено, се смета дека таа е подготовка за ползењето бидејќи го поттикнува телото на постепено поткренување од подот.

Одржувањето на телото во таа положба на бебето му помага побрзо да ја развие и воспостави рамнотежата.

Иако на почетокот додека е легнато на стомачето бебето можеби често ќе се врти на едната или другата страна доколку не го придржуваме но сепак со текот на времето способноста за воспоставување рамнотежа значително ќе подобри.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk