Помогнете му на организмот со јапонска терапија со вода

Во Јапонија денес е многу популарно да се пие вода после будење. Користа од оваа терапија ја потврдиле и многу тестови. Докажано е дека многу болести се предизвикани од недостаток на вода во организмот.

Водата е универзален растворач и главна состојка на метаболизмот: сите минерали и микроелементи растворени во вода се апсорбираат во крвотокот и продираат од клетка во клетка. Кај луѓето кои имаат недостаток од вода, се јавуваат проблеми со метаболизмот, а тоа води до многу болести.

Јапонските медицински кругови ја признале оваа терапија и велат дека е успешна во лечење на многу хронични и тешки заболувања, но и модерни болести.

Со 100% сигурност помагаат при спречување на следните болести, како и олеснување на болките што ги предизвикуваат:

Главоболка, болки во телото, срцеви олести, артритис, епилепсија, дебелина, запек, астма, туберколоза, менингитис, бубрежни болести, проблеми со бешиката, гастритис, дијареја, хемороиди, очни болести, матка, менструални болки и други.

Како да ја следите оваа терапија?

Кога ќе се разбудите наутро, пред да ги измиете забите, испијте 4 чаши млака вода од 160 мл.
Измијте ги забите, но не јадете и не пијте ништо во следните 45 минути.
По 45 минути можете да јадете.
Во рок од 2 часа по појадокот, ручекот и вечерата, не пијте вода и не јадете ништо.
Постарите луѓе, луѓе со ослабен имунитет или оние кои не можат одеднаш да испијат 4 чаши вода, можат да почнат со помала количина вода и постепено да ја зголемуваат количината.

Јапонските медицински кругови велат дека овој третман го исцелува организмот и промовира здрав начин на живот и препорачуваат оваа терапија да биде ваше секојдневие. Тие велат: „Пијте вода на празен стомак и првите резултати ќе ги почувствувате за 7 дена. Останете здрави и активни.“ Тоа е целата поента.

Инаку, препорачаната количина вода која човек треба да ја пиево текот на денот е 30мл на килограм тежина.

Овој метод нема непосакувани ефекти, но на почетокот можеби ќе имате потреба почесто да одите во тоалет.

Дополнителен совет: Сите знаеме колку е пријатно да испиеме чаша ладна вода по убав оброк. Но, ладната вода ја стврднува масната храна која ја јадете, а тоа го забавува варењето на храната во желудникот. Тоа води кон затрупување на цревата што води кон зголемување на телесната тежина, а и други здравствени проблеми. Ако не можете без вода, после оброкот напијте се чаша млака вода.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk