Постериорна поставеност на бебето во матката-положба – грб со грб

Постериорната положба на бебето во матката значи дека бебето е наместено со главата кон долу но со тилот од главата се наоѓа во областа по должината на рбетот.

До почетокот на породувањето, една од десет бебиња во просек, завземаат ваква положба уште и наречена положба – грб со грб.

Повеќето од бебињата кои што ја завземаат оваа положба се раѓаат вагинално, но оваа положба може да го отежни породот особено ако брадата на бебето не е благо вовлечена кон внатре.

Кога бебето е во постериорна положба трудницата чувствува поинтензивни болки во грбот бидејќи бебето со главата го притиска рбетот. Воденикот најчесто пука сам на почетокот на породувањето но породувањето може да се одвива малку поспоро.

Можно е трудницата да добие нагон за притискање и пред вратот на матката да е во целост проширен. Кога бебето ќе допре до дното на карлицата ќе мора да се заврти за 180 степени за да се намести во најдобрата позиција за породување.

Ако тоа не се случи спонтано, тогаш можно е бебето да се роди со лицето свртено кон горе.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk