Постигнете хормонален баланс со помош на овој лековит чај

Идеална мешавина на природни состојки кои делуваат позитивно врз одржувањето на оптималното хормонално ниво во организмот на жената.

Потребни состојки:
– 50 грама суви листови од малина
– 20 грама листови од коприва
– неколку парчиња овесна слама
– 20 грама суво нане

Начин на подготовка:
Сите билки промешајте ги во сад, затворете и чувајте го садот на темно место еден месец.
Една кафена лажица од оваа билна мешавина прелијте ја со шолја врела вода и оставете ја да отстои околу пет минути. Потоа процедите и испијте го чајот.
Препорачливо е да се пијат по две чаши чај во текот на денот, една веднаш по будењето а другата на пладне.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk