Постои ли поврзаност меѓу машката неплодност и високиот крвен притисок

Лековите против висок крвен притисок го намалуваат квалитетот на сперматозоидите-велат научниците.
Во категоријата на хронични заболувања како еден од најголемите виновници за машката неплодност се наведува присуството на висок крвен притисок кај мажот.

Веднаш по неа на скалата на уништувачи на квалитетот на спермата се наоѓаат дијабетесот и зголеменото ниво на лошиот холестерол во крвта.

Многубројни истражувања докажале дека кај мажите кои боледуваат од зголемен артериски притисок е утврден лош спермограм. Намалување на бројот на активни сперматозоиди според лекарите, пред се, се должи на комбинацијата на лекови кои мажот ги зема против високиот крвен притисок.

Антихипертензивите имаат негативно влијание врз квалитетот на спермата дури кај 15% од мажите кои ги користат.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk