Постои ли поврзаност помеѓу тежината на детето и астмата

Астма е хроничо опструктивно воспаление на дишните патишта кое предизвикува проблеми при дишењето кое се јавува  во епизоди ( акутни влошувања ). Најчесто, нападите на астма се карактеризираат со симптоми како што се кашлање, отежнато дишење, свирење во градите и тешко издишување.
Според истражувањето во кое биле вклучени повеќе од 800 деца на возраст од осум до единаесет години, дебелите деца имаат поголем ризик да заболат од астма отколку децата со нормална тежина.

Утврдено е дека околу 200 деца кои имале проблеми со отежнато дишење биле со зголемена телесна тежина. Остатокот од децата немало никвакви респираторни проблеми.
Врската помеѓу астмата и дебелината кај децата се објаснува со пореметувањата на дишењето кои се појавуваат во текот на спиењето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk