Постојаното држење на цуцла во устата има негативни последици по здравјето на детето

Педијатрите велат дека цуцлата може да се понуди на секое новороденче, се додека таа има соодветен облик и величина.

Ова „смирувачко средство“ според нивната препорака треба полека да се отстранува од употреба кога детето ќе биде на прагот од својот втор роденден.

 

Постојаната употреба на цуцлите не е препорачлива бидејќи го ограничува гугањето и смеењето, а подоцна и развојот на говорот, односно го спречува детето гестикулативно јасно да искаже болка, радост или друга емоција.

Последиците од долготрајната и честа употреба на цуцлата се согледуваат пред се во промена на забалото и потенцијална појава на одредени говорни маани.

Постојаното држење на цуцла во устата го зголемува лачењето на плунката и лигавењето, зголемувајќи го ризикот од продор на бактерии во организмот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk