Постојано гледате во телефонот-една од грешките што ги правите при патувањето

Не е важна дестинацијата, ако бидеме реални можеме да си признаеме дека секогаш правиме по некоја грешка која ја одзема убавината на патувањето.

Според стручњаците ова се петте најчести грешки што ги правиме при патувањето:

– НЕ СМЕ ДОВОЛНО ФЛЕКСИБИЛНИ
Кога станува збор за распоредот, луѓето кои ги сретнуваме на патувањето, сместувањето, храната која не сакаме да ја пробаме… По сите овие прашања мора да покажеме поголема флексибилност
– НЕ СМЕ ДОВОЛНО ЉУБОПИТНИ
Која е поентата да посетиме некое ново место ако не сакаме да пробаме ништо ново. Идеата на патувањата е да истражуваме и учиме за нешто што не е исто како дома.
– НЕ ЗБОРУВАМЕ СО ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ
Тешко ќе се решиме да поразговараме со некој човек од локалното население, да го прашаме за насока, предлог за добар ресторан или забава.
– ПОСТОЈАНО ГЛЕДАМЕ НИЗ КАМЕРАТА, ФОТОАПАРАТОТ ИЛИ ТЕЛЕФОНОТ
Да, снимките, фотографиите се супер идеа, но не и тоа поголемиот дел од времето околината да ја гледаме преку објективот. Дозволете им на сите сетила да уживаат.

– СЕ ДРЖИМЕ ДО ТИПОТ НА ПАТУВАЊЕТО
Промените се супер. Дури и кога не се планирани. Ако секогаш патувате во група, пробајте соло или во пар. Ако секогаш отседнувате во хотел, овој пат пронајдете приватен апартман или хостел.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk