Потешкотии во комуникацијата кај децата со аутизам

Децата кај кои се забележуваат елементи од аутистичниот спектар често се соочуваат со проблеми со вербалната и невербалната комуникација.

Освен неразвиениот говор или делумично развиениот говор, кај овие деца значителна потешкотија претставува и неможноста за воочување на суптилните знаци и читањето на говорот на телото.

Како најзначајни проблеми со невербалната комуникација кај децата со аутизам се врбојуваат:

– избегнувањето на контакт со очите
– користењето на изрази на лицето кои не одговараат на тоа што го говорат или прават
– неможноста да ги разберат гримасите и гестовите на соговорникот
– неможност да го контролираат тонот на гласот
– користење на многу малку гестикулации
– несоодветна реакција на мириси, звуци и прикази
– ненормално држење на телото или ексцентричен начин на движење

Патем, овие потешкотии во воспоставувањето на комуникацијата се едни од знаците кои укажуваат на постоење на спектарот и се меѓу првите сигнали кои родителите ги детектираат кај своите деца.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk