Потреба од витамин Д во бременоста

Покрај важноста од снабдување на организмот со витамини во бременоста, за трудниците е важно да се одржува адекватна количина на витамин Д во организмот.

Овој витамин е од неопходно значење како за нивното така и за здравјето на фетусот односно новороденчето (во тек на бременоста и во периодот на доење).

Препорачаната дневна доза на витамин Д во текот на бременоста изнесува 10микрограми.

Особено внимание на количината на витаминот Д во организмот треба да се обрнат на жените што имаат ограничена изложеност на сонце и оние кои практикуваат исхрана посиромашна со витамин Д.

Доколку постои сериозен  недостаток на витаминот Д во текот на бременоста се зголемува ризикот за појава на  конгенитален рахитис, фрактури на коските, како и можност за рана појава на кариес на млечните детски заби.

 

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk